
Ane Company MB
Excellence
Since 2003
ThermoSTOP
Течниот термоизолационен материјал „ТермоСтоп“ поседува низа од физички и хемиски карактеристики, кои го прават супериорен во однос на сите други останати изолациони материјали
- Коефициентот на топлоспроводливост λ=0,058, само 2 мм дебелина е приближно на класичните изолации;
- Термо, звучна и фриго заштита;
- Можност за нанесување на објекти чија температура се движи од 5 oC до 150 oC! Со тоа е овозможено и нанесување на големи индустриски објекти без запирање на технолошкиот процес (процесна индустрија, топлификации, котлари и сл.);
- Рефлектност во ултра-виолетови зраци (рефлектира и до 98% UV);
- Основна боја бела, може да се тонира;
- Поседува пропусност на воздухот, со што е овозможено често сушење на намачканите површини на градежните материјали. На овој начин се постигнува додатна заштеда на енергија од 7 до 9 %;
- Поради исклучително лепливите својства и елсатична струкура, материјалот дише преку подлогата и тоа го прави соодветен за примена на објектите кај кои е присутна голема дилатација на температурите;
- 100% еколошки и безбеден. При загревање не испушта атмосферски штетни материи;
- Нема штетни влијанија врз околината;
- Лесно и едноставно нанесување преку „airless“ распрскувач или со четка;
- Може да се комбинира со други изолациони материјали, како и со сите врсти на бои.
- Дефектите и чистењето на изолациониот слој се отстрануваат многу едноставно со нанесувње нов слој на оштетеното место;
- Лесна и квалитетна изолација на достапните и релјефни површини (кривини, жлебови, фасади со сложени облици, вентили, извртени и спирални цевки, затворен простор со неправилен олик, внатрешноста на превозните и сл.);
- Со обзир на тоа дека изолацијата може да се нанесува со методот airless распрскувач и дека изолациониот слој е со дебелина неколку милиметри, ова е голема предност кај градењето на нови објекти, како и кај адаптацијата на старите, веќе постоечки објекти;
- Примената на класичниот изолационен материјал на објекти со големи димензии, редовно бара поставување на големи и скапи скелиња. За разлика од тоа ТермоСтоп се нанесува многу лесно со методот на индустриски алпинизам или со помош на авто – дигалка, при што драстично се намалуваат трошоците и времето.